Меси: Не ме интересираат головите, туку победите!

Лионел Меси не се фокусира на головите, туку врз победите и трофеите со Барселона, изјави самиот тој во интервју за „Мундо Депортиво“. Аргентинецот дојде до границата од 400 погодоци во Ла Лига во одиграни 453 натпревари, по што им вети на навивачите дека тука не е крајот.

Мило ми е што го постигнав 400-тиот гол и се надевам да продолжам, но не се концентрирам толку многу на рекорди и бројки. Фудбалот е повеќе од головите. На секој натпревар излегувам со помислата за нови три поени, за да освојување на првенството што е најголемата награда за секој тим. Се обидувам да ја постигнеме целта и се трудам тоа да го правам не само со голови, туку и со асистенции и клучни додавања, рече Меси.

Тој го постигна својот прв гол за Барса во 90-тата минута за 2: 0 против Албасете, на 1-ви мај 2005-та година. Погодокот број 400 падна против Ејбар, на 13 јануари 2018 година.

Никогаш нема да го заборавам мојот прв гол против Албасете. Најважните голови не се најубавите, туку оние кои не носат кон победа, заклучи Меси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.