Меси не смее да има контрола врз топката

И стандардниот првотимец во репрезентативниот дрес на Холандија, Бруно Маринс Инди е убеден дека неговиот тим ќе обезбеди пласман во финалниот натпревар доколку неговите репрезентативни колеги ја лимитираат играта на најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси.

„Аргентина има многу силен тим. Белгија одлично се претстави во 1/4-финалето, создадоа неколку убави шанси кои не беа искористени. Го гледав тој натпревар и можам да кажам дека Аргентина имаше повеќе среќа. Секој тим има силни и слаби точки. На сите ни е јасно дека Меси не смее во ниеден момент да има целосна контрола врз топката. Дефанзивците немаат право на грешка, мора да бидеме максимално сконцентрирани во сите 90 минути. Јас знам дека можам да напредувам само доколку играм против најдобрите фудбалери на денешницата, а еден од нив е и Лионел Меси, изјави централниот дефанзивец на Феенорд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.