Меси одби да го прими медалот на Копа Америка, протестирајќи против корупцијата и судиските грешки

706
EPA-EFE/Paulo Whitaker

Капитенот на аргентинската фудбалска селекција, Лионел Меси, одби да го прими бронзениот медал освоен на 46-то издание на јужноамериканското натпреварување, во знак на протес притив судењето на целиот турнир, пренсува телевизијата TyC Sports цитирајќи ја изјавата за медиумите на фудбалерот дадена веднаш по средбата за третото место во кое Аргентина со 2:1 го победи Чиле, а самиот тој беше исклучен поради неспортско однесување.

Во 37 минута од дуелот во саботата во Сао Паоло, судијата во 37 минута поради неспортско однесување ги исклучи капитените на двете селекции, Лионел Меси и Гари Медел. Но претходно во полуфиналниот меч против домашниот Бразил, кога Аргентинците загубија со 2:0, неутралната фудбалска јавност бурно реагираше на неколку контроверзни одлуки на еквадорскиот судија Род Самбрано, особено поради недосудените два очигледни пенала за Аргентина. По мечот аргентинските играчи беа гневни, сметајќи дека судиските одлуки биле пристрасно носени.

„На оваа Копа ги повикуваа ВАР-от за секакви работи, а во двете ситуации која требаше да се судат пенали за нас, никаде го немаше. Неверојатно! Се надевам дека CONMEBOL (јужноамериканската асоцијација) ќе стори нешто ова да се измени, но мислам дека тоа нема да се случи, бидејќи Бразилците држат сѐ во свои раце и не смееше тие да бидат елиминирани. Тоа беа два чисти пенала за нас кои не беа досудени“, изјави Меси веднаш по мечот со Бразил во средата.

„Медалот секогаш е на дофат, но требаше да бидеме предупредени, очигледно ги погоди она што го реков претходно, па ме отстранија. Не се качив на подиумот да го земам медалот, бидејќи не сакам да бидам дел од оваа корупција и непочитување, кои беа прикажани кон нас во текот на турнирот. Заслуживме повеќе, но не ни беше дозволено да играме во финалето. Корупцијата и арбитрите не им дозволија ја гледачите да уживаат во фудбалот, кој се уништува со ваквите однесувања“, изјавил во саботата Меси.

„Го завршуваме натпреварувањето со високо крената глава. Горд сум на нашата екипа, која ги вложи сите свои сили. Се надевам дека тоа е почитувано од страна на навивачите“, додал 32-годишниот аргентински напаѓач.

Меси во дресот на Аргентина, за разлика од настапите во Барселона, нема ни приближно толку успеси. Со Барса освои дури 34 трофеи, а со Аргентина има единствено едно олимписко злато од 2008 година во Пекинг, а загуби во четири големи финални натпревари: на Светското првенство во 2014 година во Бразил, и три на Копа Америка, во 2007, 2016 и 2017, а последните две токму од Чиле по изведување на пеналите.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.