Меси остава сеизмичка трага

Кога аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси ќе постигне погодок, цела Барселона буквално се стресува, утврдиле научниците.

Шпанските експерти поставиле сеизмограф крај стадионот „Камп Ноу“ кој ги регистрира вибрациите секогаш кога гледачите ќе поздрават погодок. Стадионот најсилно се затресува кога фудбалските навивачи на трибините скокаат од радост, пишува во вторникот BBC.

А сеизмограмот кој тоа веројатно најдобро гои покажа бил чудесниот пресврт на Барселона против Пари Сен Жермен минатата година во Лигата на шампионите. Откако по првиот меч во Париз заостануваше четири голови, Барселона во последната минута од реваншот постигна гол за вкупната победа од 6:5, а делириумот на навивачите тоа јасно го забележал.

За фудбалската сеизмологија се зборувале на конгресот на Европското здружение за геонаука (EGU) одржан во Виена. Таму била претставена студијата на др Жорди Диаз и неговите колеги од Институтот за природни науки во Барселона.

Она што е фасцинантно е разликата во сигналот меѓу спортските и музичките фанови, вели шпанскиот професор. На „Камп Ноу“ се одржуваат и посетени рок концерти, како оној на американската ѕвезда Брус Спрингстин во 2016 година.

„Може јасно да се види дека секоја песна има одреден образец и од сеизмичките податоци се идентификува моментот кога Спрингстин минува од една песна на друга. При прославувањето на гол, енергијата е распоредена меѓу еден и десет херци, додека на рок концерт имате хармонична структура, енергија којашто е локализирана во прецизни амплитуди. Тоа е поради тоа што луѓето не скокаат, туку танцуваат. Тоа е ритам“, појаснува Диаз.

Покрај домашните натпревари на Барселона, експертите ја проучуваат и сеизмологијата на сообраќајот. Главата градска авенија минута покрај Институтот и моќно е да се следи дневниот проток на возилата, па дури и да се детектира константно запирање и повторно тргнување на возилата на семафор. Истото важи и за подземната и за надземната железница.

„Почна како шега, а сега се занимаваме со научните аспекти. Еден се однесува на проектирањето, односно на тоа како структурите и зградите вибрираат по различните движења на луѓето. Почнавме да соработуваме со градежните факултети за да видиме дали тоа можеме некако да го искористиме“, додава професорот.