Меси по петти пат најдобар стрелец во европските првенства

Напаѓачот на Барселона и на Аргентина Лионел Меси по петти пат во својата кариера ќе го добие признанието за најдобар стрелец во европските првенства, според соопштението на официјалниот микроблог на каталонскиот фудбалски гигант на Twitter.

Носителот на ова признание „Златна копачка“ се определува според бројот постигнати голови помножен со коефициентот на националното првенство. Во штотутуку завршената сезона 2017/2018 Меси постигна 34 голови во 36 мечеви на коишто настапи во шпанската Примера, со што стана најдобар стрелец.

Најдобри стрелци во другите ткн Топ 5 европски шампионати се: во Англија египетскиот напаѓач Мохамад Салах од Ливерпул со 32 гола на 36 натпревари, во Германија полскиот репрезентативец Роберт Левандовски од Баерн Минхен со 29 голови на 30 натпревари. Италија, пак, го има единствениот домашен играч кој е и најдобар стрелец, а тоа е Чиро Имобиле од Лацио со 29 голови на 33 натпревари, додека во Франција тоа е Уругваецот Единсон Кавани со постигнати 28 погодоци на 32 натпревари.

Головите постигнати во петте најсилни европски лиги според рејтингот на УЕФА се оцени до два поена, од шестиот до 21-от со 1,5 поен, а за другите со 1 поен. Според тоа Меси има 68 поени, Додека Салах има 64 поени.

Меси досега ја доби наградата за најдобар голгетер во европските шампионати во 2010, 2012, 2013 и минатата 2017 година. Со годинешното признание го надминува Португалецо Кристијано Роналдо од мадридски Реал кој има освоено четири „Златни копачки“.