Меси по шести пат ја подигна наградата за најдобар играч

Аргентинецот Лионел Меси после четири години пауза, повторно е избран за фудбалер на годината, според изборот на Светската фудбалска федерација, ФИФА.

Кристијано Роналдо не дојде на гала-церемонијата во Милано, тоа беше најава дека тој не е победник, па остана дилемата дали годинешниот избор е Вирџил Ван Дајк или Меси.

Во гласањето учествуваа капитените на репрезентациите од целиот свет, како и спортски новинари.
Меси по шести пат е играч на годината, првпат по 2015 година. Во женска конкуренција, признанието го доби Американката Меган Рапино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.