Меси побара под итно да биде купен Агуеро

Освен што побарал да биде најскапо платен фудбалер на денешницата, најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси имал уште едно големо побарување од клупските челнци.
Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Шпанија откри дека Меси побарал во новата клупска сезона да соработува со големиот пријател од репрезентацијата на Аргентина и стандарден првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

„Преговорите околу новиот договор се во финална фаза. Меси ќе има фиксна годишна плата од 16.5 мил. фунти и бонус од 3 мил. фунти кој зависи од успесите кои ќе бидат постигнати во текот на натпреварувачката сезона. Ако се биде во најдобар ред, Меси ќе има годишна плата од 20 мил. фунти. Барса лесно ќе го реши овој проблем, но Меси има уште едно побарување, уште еден ултиматум. Сака клубот под итно да ги осигура услугите на неговиот сонародник од редовите на Манчестер Сити, Серхио Агуеро. Таквата негова желба може да биде реализирана само со понуда од најмалку 50 мил. фунти”, изјави анонимниот извор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.