Меси покажа со прст кон Игуаин и Паласио

И капитенот на Аргентина, Лионел Меси, вината за несреќниот пораз во финалниот натпревар ја лоцираше кај репрезентативните колеги од нападот, кои не испристија неколку чисти шанси и во регуларните 90 минути и во двете продолженија од по 15 минути.

Во првото полувреме, колосална шанса промаши напаѓачот на Наполи, Гонзало Игуаин, кој излезе само пред германскиот голман, Мануел Ноер, а во првото продолжение од по 15 минути, идентична шанса не искористи напаѓачот на Интер, Родриго Паласио.

„По пауза од многу години, Аргентина обезбеди пласман во финалниот натпревар. Сите мора да бидеме горди на овој успех, на пласманот во финалниот натпревар. Мислам дека заслуживме многу повеќе, дека и ние ја заслуживме светската титула. Затоа сме многу тажни. Напаѓачите промашија неколку чисти шанси. Сите сме тажни, јас сакавме светската титула, сакавме со победничкиот пехар да се вратиме дома, кај нашите верни фанови. Многу е болно кога ќе загубиш минимално. Бевме многу блиску до една голема промена кога е во прашање националниот тим, но не успеавме во целост”, изјави Меси.