Меси порача дека неговото одење во Интер е лажна вест

Аргентинската фудбалска ѕвезда на каталонска Барселона, Лионел Меси, ги демантираше пишувањата на аргентинските, шпанските и титалијансктие медиуми кои објавија дека ќе ја продолжи кариерата во милански Интер.

Аргентинските медиуми дури објавија дека преговорите за минувањето на Меси на „Сан Сиро“ веќе започнале и оти го вклучуваат и трансверот на аргентинскиот прволигаш Велез, Тиаго Алмада. Италијанските медиуми објавија дека отштетата изнесува околу 250 милиони евра.

Меси воедно ги демантираше и тврдењаа дека токму тој ја платил кауцијата за излегувањето на Роналдињо од затворот во Парагвај. Бразилецот кој беше соиграч на Аргентинецот во неговата прва сезона во дресот на Барса, од затворот во кој влезе пред еден месец поради фалсификуван пасош излезе во средата. Роналдињо ја уплатил кауцијата во износ од 1,3 милиони евра, па отсега ќе биде во домашен притвор. Тој ќе остане во Парагвај во хотел кој не смее да го напушти заедно со братот Роберт со кој завршија во затвор на 6-ти март.

„Ова се лажни вести“, напиша Меси на Instagram.

Аргентинецот кон крајот на 2017 година, за рекордна плата од дури 50 милиони евра годишно, потпиша договор со Барселона до 2021 година, а веќе извесно време траат преговорите за продолжување.

 

 

 

 

Компанијата „Sanofi“ најави донација од хидроксихлорокин за 50 земји

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.