Меси постигна два гола во победата на ПСЖ од 5-0

Актуелниот шампион ПСЖ со убедливи 5:0 на гостински терен кај Клермон, ја започна новата сезона на француската Лига 1.

„Светците“ кои важеа за апсолутни фаворити во овој меч, победата ја најавија уште во првото полувреме во кое со головите на Нејмар, Хакими и Маркињос веќе создадоа три гола предност.

Во вториот дел на сцена стапи Лионел Меси кој постигна два гола, а особено убав беше вториот со кој ги постави конечните 5:0 за парижаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.