Меси позитивен на коронавирусот

Бројката позитивни фудбалери на коронавирусот секојдневно се зголемува, а официјалните информации во неделата ги објави и најдобриот француски клуб Пари Сен Жермен.

Од денеска и официјално е потврдено дека нови четворицја фудбалери на ПСЖ се заразени со Covid-19, а еден од нив е и еден од најдобрите фудбалери на светот Лионел Мести. Другите тројца се Хуан Бернат, Серџо Рико и Натан Битумазала.

Покрај тоа, ПСЖ наведе дека сите четворица фидбалери ги почитуваат натамошните здравствени протоколи. Пред ПСЖ, кој убедливо води во француското првенство, се напреварот неделава во националниот куп кај Ванес, и потоа гостувањето кај Лион во првенството на 9-ти јануари.