Меси распали по Барселона: Воопшто не сакаа да се вратам, не се потрудија доволно

Сензационално одекна веста дека Лионел Меси и по две години од заминувањето нема да се врати во редовите на Барселона.

И кога сите очекуваа дека ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, се одлучи за Интер Мајами во МЛС лигата во САД. Откако го одбра клубот на Дејвид Бекам, Меси за „Мундо Депортиво“ ги објасни причините за оваа одлука. Истакна дека повеќе од се сакал да се врати во Барселона, но од тоа се откажал кога сфатил дека клубот и натаму е во тешка финансиска ситуација и дека за негово враќање ќе мора да отпушта играчи, а на оние кои ќе останат да им ги намалува платите.

Меси соопшти дека со Лапорта се слушнал само еднаш, притоа обвинувајќи ја Барселона.

„Не сум сигурен дека Барселона направи се што е во нивна моќ како би ме вратиле, искрено. Знам само она што Чави ми зборуваше. Тој многу сакаше да се вратам, но тој не одлучува. Сигурен сум дека во клубот има лица кои не сакаат да се вратам и кои мислат дека тоа би било негативно за клубот“ – рече Меси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.