Меси, Роналдо и Нејмар најплатени сезонава

Аргентинецот Лионел Меси, Португалецот Кристијано Роналдо и Бразилецот Нејмар и натаму се тројцата најпалтени фудбалери на светот сезонава, според процените на магазинот France Football.

Во својата посебна датотека „Плати на ѕвездите“, којашто ќе биде објавена во вторник, еден од највлијателните спортски весници на светот France Football, ги пресметува приходите на фудбалските ѕвезди, пресметувајќи ја нивната бруто плата и прихидите од рекламите кои се очекуваат во текот на сезоната 2019/2020, н акои се додаваат и бонусите од претходната сезона.

Според оваа методологија, аргентинкиот фудбалер би требало да добние 131 милион евра, еден повеќе отколку што напаѓачот на Барселона заработил минатата сезона.

Напаѓачот на Јувентус, Роналдо, ќе додаде пет милиона повеќе од лани и оваа сезона ќе заработи 118 милиони евра, додека играчот на ПСЖ, Нејмар оваа сезона би требало да заработи 95 милиони евра, пет повеќе од изминатата сезона.

„Од 2013 година никој друг освен Меси, Роналдо и Нејмар не успеа да се пробие на првите три места. Овие тројца го проширија грозниот јаз со другите“, се забележува во написот на France Football.

Меѓу фудбалските тренери, пак, Диего Симеоне од Атлетико Мадрид водо со 40,5 милиони евра, а го следат Антонио Конте од милански Интер со 30 милион ева и Пеп Гвардиола од Манечестер Сити со 27 милиони евра.