Меси се вклучи во борбата против коронавирусот и не штедеше за Барселона

Лионел Меси се вклучи во борбата против коронавирусот со тоа што и помогна на градската болница во Барселона да ја набави неопходната опрема.

Меси според информациите на шпанските медиуми на болницата Клиник, која е најголема во Барселона, и дал донација во износ од 1 милион евра со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Оваа вест ја потврдија и од самата болница.

„Лео Меси донираше пари во борбата против вирусот Ковид-19. Лео, фала на поддршката“, стои во соопштението.

Тука не е крајот, Меси исто така донираше непозната, но великодушна сума и во својата татковина Аргентина каде ситуацијата сепак е постабилна и полесна.

За потсетување, ден претходно, Пеп Гвардиола исто така донираше милион евра во својот град Барселона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.