Меси со специјални подароци за новите соиграчи

Лионел Меси фантастично ја почна новата авантура постигнувајќи три гола на првите две средби за Интер Мајами, носејќи му две победи на својот тим кој го почна бегството од дното на табелата.

Воедно, аргентинскиот генијалец настојува да се зближи со новите соиграчи, па по последниот триумф над Атланта тој им поделил специјални подароци.

„Добивме специјални слушалки кои се ексклузивни на музичкиот пазар, а згора на тоа беа брендирани со логото на Интер Мајами. Меси дојде и ни подели на сите во клубот, што секако беше прекрасен потег. Тој само ја потврди својата човечка големина, покрај тоа што сите го знаевме, дека е извонреден фудбалер“, откри ДеАндре Једлин, американскиот репрезентативец од таборот на Интер Мајами.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.