Меси за победата на ПСЖ, победи и на Лион и Лил

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија на својот „Парк на принцовите“ Тулуз со 21 во 22-то коло од француското првенство зацврстувајќи на се на врвот на табелата.

Парижаните, кои настапија без повредени ѕвезди Килиан Мбапе и Нејмар како и неколкумина стандардни првотимци, беа во резултатски минус од 20 минута, кога за Тулуз погоди Бранко ван ден Бомен. Во 38 минута Ашраф Хакими израмни а 20 минути подоцна Мароканецот беше додавач за водечкиот гол на ПСЖ кој го постигна Лионел Меси. За Аргентинецот ова е десеттиот погодок сезонава а има и десет асистенции.

ПСЖ е во водство со 54 бодови, осум односно девет од вториот Марсеј и третиот Ланс кои имаат и меч помалку. Тулуз е 12-ти со 29 бодови

Лил славеше до 3:1 на гости кај Троа, враќајќи се на победничките патеки, благодарејќи на голобрадите момчиња 20-годишниот Бредли Барколи кој погоди во 43 минута и 19-годишниот Рајан Черки кој беше стрелец во 59 минути а потврдата ја потврди во третата минута од судиското продолжување Александр Лаказет. За домашните стрелец беше Рони Лопез од 62 минута.

Лион моментално е осми на табелата со 32 бодови, а Троа е 16-та со 19 бодови еден повеќе од зоната која води во доигрување за опстанок или директно во понизок ранг.

Идентична гостинска победа но со пресврт забележа и Лил кај Рен. Домашните поведоа по само 26 секунди игра кога Амине Гуири искористи грешно додавање на домашната одбрана, но гостите во вториот дел го направија пресвртот со головите на Едон Зегова во 59, Реми Кабеја во 85 и Андре Гомеш во четвртата минута од судиското продолжќение ан натпреварот.

Рен остана на петтото место со 40 бодови но сега шестиот Лил му се доближи на само два бода заостанување.