Меси жали што не ги послушал лекарите за коронавирусот

Фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси обелодени дека се соочува со многу здравствени постковид проблеми, пренесуваат француските медиуми.

Меси на почетокот на оваа година се зарази со коронавирусот, а аргентинскиот фудбалер тврди дека му било потребно многу време за да се врати во форма по закрепнување од болеста.

– Искрено, жал ми е што не ги слушав лекарите. Морам да кажам дека таа болест ме погоди и остави белег во мене. Особено на белите дробови, рече Меси.

Тој истакна дека по прележување на вирусот прерано се вратил на теренот, иако лекарите го советувале да мирува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.