Месото од болни говеда од Полска стигнало и во Словенија

Помала количина на месо од Полска, од кланицата која преработуваше месо од болни крави и го подготвуваше месото со ветеринарски печат иако не беше контролирано, се најде и во Словенија, каде стигна преку Германија, пренесуваат словенечките медиуми, а потврдила и државната агенција за безбедност на храната.

Веднаш по објавувањето на скандалот со месото, управата за безбедност на храната при министерството за земјоделство на Словенија најпрво објави дека земјата не е меѓу 10 држави на ЕУ во кои заврши непрегледаното месо од Полска.

Но, телевизијата ПОП-ТВ информираше за месото од спомената кланица, кое преку Германија дошло до Словенија, како мелено месо подготвено за ќебапи, што е и официјално потврдено.