17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мета: Договор меѓу Белград и Приштина би ја зајакнал регионалната стабилност

Албанскиот претседател Илир Мета се надева дека Белград и Приштина ќе постигнат договор на „добар и одржлив начин“, кој би придионел за зајакнување на регионалната стабилност.

„Се надеваме дека договорот меѓу Македонија и Грција ќе се имплементира и дека ќе биде постигнат договор меѓу Белград и Приштина на добар и одржлив начин. Балкансот страдаше со години и на тоа треба да се стави крај. Само мирен и просперитетен регион може да им донесе иднина на младите“, изјави Мета за белградскиот весник Данас.

Мета вели дека силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, бидејќи иако Тирана не е дел од тој процес, сепак нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово, ќе им помогне и на Србија и Албанија „да живеат на нормален начин, без стрес и незибвесност“.

„Мислам дека договор меѓу Белград и Приштина би ја зајакнал регионалната стабилност и би му донел олеснување на регионот“, нагласува Мета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.