Мета го одложи националениот собир, предвиден за 8-ми декември

Албанскиот претседателот Илир Мета го одложи најавениот национален собир што го најави за 8-ми декември, зашто според него, ситуацијата по разорниот земјотрес, покажува дека е несоодветно време за ваков собир.

Гостувајќи во емисија на албанската државна телевизија,тој рече дека не се откажал од своето мислење за собирот, туку едноставно ќе биде одложен поради ситуацијата.

„Секако оваа ситуација преовладува над која било друга иницијатива. Сега е време да соработуваме за да се справиме со оваа голема катастрофа со која се соочува земјата, а особено илјадниците семејства во окрузите Тирана, Драч, Лежа, но и во други области кои се помалку погодени. Ова е приоритет и сигурно не е време или момент да се создаде или одржи друг фокус. Се разбира ова не значи, дека се предомислив за тоа кој е патот што Албанија ќе ја носи напред и ги направи Албанците да се чувствуваат господари на себе си и на нивната земја. Ова е само еден пат и тоа се референдумите. Но, секако не е време на 8 декември да ги повлечеме луѓето од терен, од помошта и поддршка што им ја даваат на нивните сограѓани“, изјави Мета.

На крајот од минатиот месец тој рече дека е порешителен од кога и да било за сенацоналниот собир што го најави за 8 декември во Студентски град, додавајќи дека нема да го напушти плоштадот се додека не им го врати на албанските граѓани правото на референдум признато и со Уставот.

Додаде дека со актуелната политичка класа народот е безнадежен и референдумот е единствениот демократски начин да се спаси Албанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.