Мета повика на обединет фронт за враќање на демократијата во Албанија

Албанскиот претседател Илир Мета повика во петокот на пристапување кон граѓанските движења коишто се формираат низ целата земја, за да се создаде „обединет фронт“ за „возобновување на демократијата“ преку слободни и фер избори,.

Преку објава на својот фејсбук профил, Мета го повикува народот да застане во „одбрана на демократијата“ и „да ја урне тиранијата“.

„Мај е посебен месец за одбележување на револтот против најбруталната диктатура што Европа ја познава за половина век. Затоа, ние им оддаваме почит на луѓето од Ќаф Бар и Спач, двата најстрашни затвори, кои се осмелија да застанат и да се борат за својата слобода и права, давајќи ги своите животи. Тие го разбија митот за неповредливоста на криминалниот режим и покажаа дека не може да се биде вечен“, напиша Мета.

Денес кога ќе видиме до каде падна нашата демократија, додава тој, единствената почит што можеме и треба да ја направиме за нивните жртви е да им се придружиме на граѓанските движења што растат низ целата земја за да „создадат обединет фронт за враќање на демокреатијата преку слободни и фер избори“.

„Секоја чест за Алијансата за одбрана на татарот, кои ја освоија восхитта на цела Европа за својата благородна кауза и ја отстранија последната маска од режимот на криминално насилство. Сите да се кренеме за демократијата! Кога се крева народот паѓа тиранијата! Слободата се добива, не се подарува,“ напиша Мета.

Политичките тенизии во Албанија, кои навидум се смирија по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26-ти ноември минатата година и пандемијата со Covod-19, повторно се појавија по уривањето на објектот на Националниот театар, на 17-ти мај. Против неговото уривање, покрај театарските работници и граѓанскиот сектор, беше и опозицијата и шефот на државата.