Мета: Во изминатите пет години Албанија ја напуштиле 58.000 ученици

Лидерот на Партијата на слободата Илир Мета, кој шеф на државата беше до 24 јули годинава, денеска одржа средба со средношколци во Тирана, на која зборуваше и за депопулацијата на земјата.

Тој задржувајќи се посебно на заминувањето на младите од Албанија, истакна дека во изминатите пет години од земјата заминале околу 58.000 ученици од предуниверзитетска возраст.

– Депопулацијата, која никако да запре, ја чувствувате на часовите, во вашите семејствата, кај роднините, пријателите. За жал, денес се соочуваме со модерна варијанта на етничко чистење, како што е депопулација. Бројките се многу драматични и алармантни за сите нас. Годинава во училиштата имаме 58.000 ученици помалку од пред пет години. Имаме 18.000 ученици помалку споредено со минатата учебна година – истакна Мета.

Според официјалната статистика оваа учебна година во ученичка клупа седнале 17.543 ученици помалку. Најголем пад се чувствува во деветгодишното образование каде, споредено со лани, има 11.146 деца помалку, додека во средните училишта бројот е намален за 6.400 ученици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.