„Meta“ воведува претплата поради потврда на профилот

Марк Цукерберг, сопственикот на американската технолошка компанија „Meta“ во чијашто сопственост се социјалните мрежи Facebook и Instagram, објави во неделата дека го воведува „Meta Verified“, претплата во износ од 11.99 американски долари месечно поради потврда на сметката на платформите, во периодот кога компанијата минува низ финансиска криза.

„Meta Verified“, кој оваа седмица прво ќе биде достапен во Австралија и Нов Зеланд, е сличен на системот кој Илон Маск го воведе на Twitter и кој чини 7,99 долари за проверка на идентитетот и со предности како што е директниот пристап до корисничката служба.

„Идејата беше да го подобриме кредибилитетот и безбедноста на нашите услуги“, порача Цукерберг во објавата на Instagram и Facebook,

Претплатниците на Instagram и на Facebook ќе добијат „значка“ којашто покажува дека нивниот идентитет е проверен, заштита на својот профил од кражба на идентитетот, пристап до службата за корисници и поголема видливост, го цитира Reuters портпаролот на „Meta“.

Претплатата е наменета за поединци повозрасни од 18 години, но не и за профилите на компаниите.

Корисниците ќе плаќаат 11,99 долари месечно за Meta Verified на интернет и 14,99 долари месечно на iOS и Android.