Метална шипка падна врз дете во луна парк

Метална шипка паднала врз дете од Куманово додека се возелo на рингишпил во луна парк на булеварот Октомвриска револуција, соопшти денеска СВР Kуманово. Настанот во полицијата го пријавил таткото на детето, завчера околу 22.30 часот.

„Б.Д.(49) од Куманово пријавил дека околу 19.30 часот во луна парк на булеварот Октомвриска револуција, додека неговиот малолетен син бил на рингишил, паднала метална шипка и го повредила, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.