Металург го торпедираше Борац

Македонскиот ракометен вицешампион Металург, забележа убедлива победа во 12-от натпревар во Регионалната СЕХА лига, откако на домашен терен го торпедираше Борац (Бања Лука) со 36:18 (16:6).

Тренерот Лино Червар им даде шанса на сите ракометариво тимот одработувајќи добра подготовка за она што ги очекува во продолжението од Лигата на шампионите.

Игор Мандиќ со осум гола од исто толку обиди беше најефикасен кај Металург, шест гола постигна Манасков шест, а со по четириголовинатпреварот го завршија Ојлески и Лука Циндри.

Кај гостите најефикасен беше Милош Њезиќ со пет гола.

По овој триумф Металург се израмни на третата позиција со 25 бода колку што има и Вардар. Пред нив се Татран со 30 бода и Загреб со 31 бода и натпревар повеќе.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.