Металург испушти победа кај Нексе

(Фото: http://www.seha-liga.com)

Македонскиот претставник во 13-то коло од Сеха регионалната лига скопски Металург во неделата против хрватскиот претставник Нексе во Нашице испушти победа откако не успеа да ја солчува предноста од три гола во последните четири минути, па на крајот дуелот заврши без победник 31:31.

Натпреварот беше рамноправен во целиот тек, двете екипи се менуваа во водство, а првото полувреме заврши со водство на домаќините од 16:15. Слично се играше и во второто полувреме, но во финишот од мечот Металург дојде до три гола предност (31:28) и беше многу блиску до триумф, но домаќинот со серија од 3:0 дојде до реми.

Најефикасен во тимот на Металург беше Халил Јагањац со девет голови, Пешевски постигна пет. Кај Нексе најефикасен беше поранешниот играч на Металург, МАрко Бувиниќ кој постигна девет гола, а Саша Баришиќ-Јаман додаде шест голови.

Ова беше последниот натпревар за Металург годинава, а на табелата во СЕХА има 13 бода по 12 натпревари и се наоѓа на седмото место, додека Нексе е претпоследен со седум бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.