Металург оди во 14-дневна изолација, поради позитивен ракометар на Ковид-19!

Поради нов позитивен случај кој имал незаштитен контакт буквално со комплетниот состав, целиот тим на РК Металург вклучувајќи го и стручниот штаб оди во 14-дневна изолација.

„Металурзите“ вечерва отпатуваа за Богданци на натпреварот со Младост но истиот е одложен поради добиениот позитивен резултат од тестот на сомнителен случај во тимот.

Металург ќе бара до ЕХФ одложување и на натпреварот со Висла во Лига Европа.

„Поради втор позитивен случај со симптоми од денеска а за кого резултатите од тестот пристигнаа во 19 часот, ја одложивме средбата со Младост во Богданци. Целиот тим на Металург, вклучително и стручниот штаб, ќе оди во изолација од 14 дена поради незаштитен контакт со позитивниот случај. Секако ќе бараме одложување и на натпреварот со Висла во Лигата на Европа“ – информираше претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.