Металург се намачи со Војводина

Македонскиот ракометен вицешампион Металург, ја прекина серијата од три порази во СЕХА Лига, откако во 16. коло на домашен терен ја совлада екипата на Војводина со 29:27 (15:11). Избраниците на тренерот Лино Червар, се намачија да стигнат до победата на овој натпревар, бидејќи гостите од Нови Сад се покажаа како цврст противник во текот на сите 60. минути од мечот.

Со оваа победа Металург се изедначи со Вардар на четвртата позиција на табелата со 28 бодови. На третата позиција е Мешков Брест со 30 бодови, додека лидер е Загреб со 37 бодови, пред Татран Прешов со 36 бодови.

Најефикасен на натпреварот во тимот на Металург беа Манасков и Миркуловски со по 6 голови. Во гостинскиот тим најефикасен беше Милјан Пушица со 6 голови, додека по четири пати мрежата на тимот од Авткоманда ја затресоа Елезовиќ и Мирковиќ