Металург убедливо поразен во Виена (45-30)

Металург вечерва во Виена е поразен од Фиверс со .45-30 (22-13). Ова е нов пораз на тимот од Автокоманда во групата А во Европската ракометна лига, седми во осмиот настап.

Метлург одигра лош натпревар, јасно е дека составот на тренерот Димитриоски беше ослабен, но сепак се очекуваше далеку повеќе на ова гостување во Виена.

Очигледно е дека Металург е повеќе со мислите на домашната сцена со оглед на тоа дека и тоа како се редат поразите во Европската лига.

Уште од почеток на мечот домашниот тим почна фуриозно. Фиверс просто доминираше на паркетот во салата во Виена. Водството од минута во минута се зголемуваше. Ако не беше голманот Дупјачанец таа разлика од 9 голови на крајот од првиот дел, ќе беше уште поголема. Имено првиот период Фиверс го доби со 22-13, резултат кој навистина беше разочарувачки.

Реално австријците одиграа навистина добро, но сепак во тие моменти им помогнаа и ракометарите на нашиот тим кој не можеа да се препознаат на паркетот. Тоа како да беше полесен тренинг за Фиверс.

И второто полувреме продолжи со истиот ритам. Фиверс продолжи со активна игра, додека Металург и натаму си “тераше по свое“. Јасно е дека на вакви мечеви младите ракометари треба да се калат, но играта загрижува секако. Поповиќ единствено, заедно со Дупјачанец беше расположен за игра. Првиот постигна 11 голови, а вториот “собра“ вкупно 14 одбрани.

Интересно е да се каже дека првиот седмерец на мечот, бепше досуден во 45 минута. Овој податок кажува дека се играло без некоја посебна одбрана и на двете страни.

До крајот немаше којзнае што да се одбележи,освен тоа што Фиверс си ја “билдаше“ резултатската разлика која стигна до 45-13.

Овие 45 голови се негативен рекорд за Металург сезонава во Европската лига.

Извор:Спортмедиа.мк