Македонскиот ракометен вицешампион Металург со пораз го заврши настапот во СЕХА лигата откако со комбиниран состав, главно од јуниори, загуби на гостувањето кај Татран Прешов со 27:20 (12:11).
Младиот тим на „металурзите“ воден од само неколку првотимци одигра одлично прво полувреме во кое извонреден на голот беше Никола Митревски. Нашиот тим имаше и водство во првите 20 минути од средбата, во еден момент и со три гола разлика, но во финишот домашните стигнаа до минимална предност.
Најефикасни кај Металург беа Мартин Манасков и Дејан Пецаковски со по четири погодоци, по три имаа Златко Мојсоски, Маркоски и Кеџо, а по еден Маџовски, Талевски и Мандиќ.
Во тимот на Татран Прешов најефикасни беа Хрцка и Чип со по пет постигнати погодоци.