Метеоролозите најавуваат дожд и ветер за викендов

Според информациите од УХМР ќе дува умерен до засилен западен и југозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 9 до 15 степени, а максималните од 20 до 29 степени.

Во наредните денови во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд со ретки грмежи.

До недела ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините, особено во западните делови.