Метеоролозите веќе немаат имиња за бурите

Атлантскиот Океан годинава доживеал толку бури што снемало имиња за новите, објави во вторникот Светската метеоролошка организација (WMO).

Станува збор за втор случај во историјата листата од можните имиња со кои се означуваат бурите да биде исцрпен, соопшти портпаролката на WMO, Клер Нилис за новинарите во Женева.

Првите 21 циклон секоја сезона добиваат западни имиња кои започнуваат на латиница од „А“ до „W“, според списокот кој WMO го подготвува пред почетокот на сезоната, кој вообичаено трае од јуни до ноември. Буквите Q, U, X, Y и Z не се користат бидејќи тешко се наоѓаат добро познати имиња кои започнуваат на овие букви.

„Имајќи предвид дека листата сега е искористена, метеопролозите сега се свртени кон буквите од грчкиот алфабет. Оваа 2020-та е исклучителна година“, изјави Нулис, потсетувајќи на големиот број урагани на Атлантикот.

Така суптропската бура којашто изминатиот викенд се разви над Алфа, а трипската бура Бета на почетокот од седмицата го погодеи Тексас проследена со силни дождови.