Метрополитен ги одбива донациите на фармацевтското семејство Саклер

33

Славниот њујоршки музеј објави во средата дека повеќе нема да ги прима донациите на семејството Саклер којешто се збогатило со производството на опијати.

Супербогатото американско-британско семејство е сопственик на „Purdue Pharmа“, компанијата која ги произведува многу лекови меѓу кои аналгетикот „OxyContin“, кој се поврзува во јавноста со смртните случаи на илјадници Американци. Компанијата ги отфрла обвинувањата дека за лекот да се продава што повеќе го минимизирала ризикот од развој на зависност и злоупотреба.

Одлуката на њујоршки „Metropolitan Museum of Art“ следеше по сличните потези на други музеи во светот. Националната галерија на портрети и галеријата „Tate“ во Лондон, како и њујоршкиот музеј „Guggenheim“ веќе се дистанцираа од контроверзниот мецена обвинет за ткн американска опиоидна криза.

„Музејот е благодарен и ги почитува оние коишто нѐ поткрепуваат, но понекогаш е нужно да се одбијат донациите кои не се во интерес на јавноста или на музејот“, изјави Даниел Вејс, претсадател на „Metropolitan“. Додаде дека тоа сепак не значи дека ќе биде отстрането семејното име од павилјонот Саклер, делот од муејот во кој се наоѓа египетскиот храм Дендур, една од најголемите атракции на њујоршкиот музеј.

Одлуката претставува огромен удар за децениските односи на семејството Саклер и еден од најголемите и најбогати музеи во светот. Весникот The New York Times во 1978 година објави специјален прилог за отворањето на павилјонот Саклер кој чинел тогашни 36 милиони долари.

Компанијата „Purdue Pharma“ во март годинава постигна вонсудска спогодба во износ од 270 милиони долари во тужбата во којашто се тврдеше дека нејзините опијати, вклучително и „OxyContin“ предивикале смрт на илјадници луѓе, и биле причина за епидемијата на зависност од опијати во САД, во којашто од предозирање секојдневно умирале 142 луѓе, а вкупниот број починати во 2016 година го надмина вкупниот број жртви од сообраќајни несреќи и прострелни рани.

Во соопштението објавено во март на интернет страницата на Фондацијата Саклер, претседателката на фондацијата Тереза Саклер напиша дека семејството „привремено ќе ги сопред сите филантропски активности“ во Велика Британија поради скландалот околу „Purdue Pharma“. „Тоа ни го одвраќа вниманието од важните работи коишто ги правиме“, напиша.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.