Метсола најави нови мерки против корупцијата во Европскиот парламент

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Метсола, во понеделникот најави реформи чијашто цел ќе биде борбата против корупцијата и странското мешање во работата на законодавното тело на Европската унија, како и одлуката за укинување на имунитетот на двајца пратеници поради корупцискиот скандал во кој се вмешани повеќе лобисти, лица поврзани со парламентот и Катар.

„Настаните од минатиот месец ја покажаа потребата за повторното градење на врските на доверба со европските граѓани кои ги претставуваме. Ќе преземеме чекори за јакнење на борбата против корупцијата и средствата за борба против странското мешање“, изјави Метсола на отворањето на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Европскиот парламент во декември го потресе истрагата на белгиското правосудство во рамките на која поради сомневање во корупција беше приведена поранешната потпретседателка на телото, грчката европратеничка од социјалистички ПАСОК, Ева Каили. Таа по полициските рации се наоѓа во притвор, а на претходната пленарна седмица во декември парламентот ја смени од позицијата потпретседателка.

Метсола во понеделникот во Стразбур ја најави првата низа антикорупциски мерки насочени на зголемување на транспарентноста и отежнување на влијанието на законодавците во Европскиот парламент.

„Ќе започнеме со мерките кои можат брзо да бидат применети и истовремено ќе започнеме со процесот (на реформи), за да ја зголемиме транспарентноста и контролата над тоа кој има пристап до парламентот. Ќе ѝ пружиме повеќе и појасни информации на јавноста… ќе ги забраниме активностите кои може да предизвикаат нејаснотии за службените активноста на парламентот, особено во односите со трети земји“, вети, меѓу другото, Метсола.

Покрај грчката европратеничка за перење пари, здружување во криминална организација и примање мито од Катар се сомничат повеќе лица, а под истрага се и двајца европратеници од пратеничката група на социјалистите, Белгиецот Марко Тарабеља и Италијанецот Андреа Козолино.

Метсола објави дека белгиските власти побарале да им биде укинат имунитетот и дека конечната одлука за тоа барање се очекува на следната пленарна седница закажана за 13-ти февруари. Според деловникот, претседателот мора барањето за симнување на имунитетот прво треба да го изнесе на пленарна седница, по што го презема надлежната Комисија за правни прашања.

Осомничените во истрагата на белгиското обвинителство се товарат дека влијаеле врз одлуки во Европскиот парламент во полза на домаќинот на Светското фудбалско првенство Катар во замена за пари и подароци. Во декември беше во рамките на истрагата беше претресен и станот на Тарабеља во Брисел.

Европратениците во среда ќе бираат нов потпретседател кој ќе ја замени Ева Каили, а се очекува дека ќе го поддржат кандидатот кој го предлага пратеничката група на Социјалистите и демократите (S&D), Марк Ангел од Луксембург.