Мезонити, трeтман со кој и Клеопатра ги мазнела брчките

Отсекогаш постоела желба да се отстранат брчките и подигне вишокот кожа на лицето без хируршка интервенција. Клеопатра прва користела златни жици за да ги измазни брчките и тој третман до ден денес се изведува со конци изработени од различни материјали. Проблем било што сите тие конци биле од трајни материјали, што давало компликации и го лимитоирало изведувањето на други техники. Затоа се изработени конци од комплетно разградлив материјал кој не ствара компликации.

„МЕЗОНИТИ” или „МЕЗО КОНЦИ“ се конци од ресорптивен материјал (polydioxanone) кој веќе 15 години се користи во кардиохирургија при операција на срце и крвни садови, што зборува за безбедноста на материјалот. Мезонитите не предизвикуваат алергија. Комплетно ги снемува од организмот за 3-8 месеци.

ЗА ШТО СЛУЖАТ МЕЗО КОНЦИТЕ? КОИ СЕ ЕФЕКТИТЕ?

– Природна метода за лифтинг и затегање на кожата, подигање на веѓите, образите, виснатите усни агли, подбрадокот и вратот (мисиркин врат)

– Ги измазнува брчките на образите, челото, околу очите, брадата, „пушачки брчки” околу усните, пред ушните школки, вратот, деколтето

– Обликување на контурите на лицето, особено на долниот дел (во линија на долната вилица), кој виснува при стареење и нагло слабеење – враќање на младешкиот “V” изглед

-Лифтинг на тело: затегнување на внатрешниот дел од надлактиците, надколениците, колената, стомакот (посебно по породување), градите и секаде каде има вишок на кожа

-Подобрување на квалитетот и тонусот на кожата

ИЗВЕДУВАЊЕ НА ТРЕТМАНОТ

По нанесување на анестетска крема која стои 30 минути, конците се внесуваат  во кожата безболно. Конецот е сместен во многу тенка игла што се лизнува под кожата, иглата веднаш се извлекува, а конецот останува во кожата. Се внесуваат повеќе конци, зависно од регијата што ја корегираме и во каква состојба е кожата. Конците предизвикуваат локално дразнење и автопродукција на нов колаген околу нив, кој се создава по 6-8 недели. Конците се ресорбираат од организмот комплетно за 3-8 месеци, а на нивно место останува новосоздадениот колаген кој го продолжува резултатот до 2-5 години, зависно од возраста. Моменталниот ефект се гледа веднаш а по 2-6 месеци се гледа доцниот ефект на колагенсинтезата.

На влезното место на иглата се гледа мала точка која бргу се затвора. Кожата има благо руменило и  незначителен оток. Од хигиенски причини се препорачува пациентот да продолжи со секојдневните активности наредниот ден. Во колку е неопходно, може и истиот ден, со нанесена хидратантна крема и лесен пудра.Третманот се повторува најрано по 20 месеци.

НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ

Веднаш по третманот има благо црвенило и оток кој поминува за 5-6 часа. На влезното место на иглата се гледа ситна точка која се губи  истиот ден. Понекогаш може во наредните 2 дена да се појави некоја модрица, која поминува за 5-6 дена. На местото на мезонити се чувствува оптегнатост а некогаш и благо пецкање во наредните неколку дена. Наредните 7 дена се препорачува ограничување на мимиките , лимитирање на широката насмевка кога се работи зоната околу уста и образи, забрана за сауна, кварцање.

КОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГО ПРАВИ ОВОЈ ТРЕТМАН

Третманот не се изведува при постоење на автоимуни  и онколошки болести, психички и неуролошки пореметувања, пореметување на коагулација на крвта, моментално вирусно или бактериско заболување, склоност кон келоиди, инфекција или друго кожно заболување на местото  кое треба да се третира,  претходно инјектиран траен филер. Еден ден пред ставање на мезонити се престанува со земање на аспирин, пелентан, алкохол.

КОМБИНИРАЊЕ СО ДРУГИ ТРЕТМАНИ

Мезонити може да се комбинираат со сите други неинвазивни методи. По 30 дена од третманот смее да се прави пилинг, мезотерапија, филери, ботокс, дермаролер и ласери. Оперативен фејслифтинг не смее да се изведува наредни 3 години.

#SkinSolution #MezoKonci #Popust
Мезо конци – на 50% попуст во јуни!
Светски тренд на нехируршко затегнување на лице!
Ефикасна и безболна процедура на затегнување на лице без оперативни зафати. Одличен лифтинг и подмладувачки ефект на брз и едноставен начин. Процедура ја изведува дерматолог.
Подетални информации на:
 02/6134-111, 078-261-996
📍 Костурски Херои 4в,Скопје
www.skinsolutionmk.com

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.