МФ: Фич го потврди стабилниот рејтинг на Македонија

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ+ стабилен. Ова е големо признание за економските политики и политиките воопшто кои се спроведуваат во земјава, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

Потврдата на стабилниот кредитен рејтинг на Македонија доаѓа во време кога се намалува рејтингот на силни економии како Русија, Турција, Србија, Хрватска…

„Фич“ во својот извештај го нотира умерениот буџетски дефицит, како и нискиот државен долг. Како што истакнува агенцијата државниот долг на Македонија ќе се задржи на умерено ниво од 36 до 37 отсто до 2015 година.

Агенцијата забележува дека Владата продолжува со капиталните инвестиции, дека странските инвестиции растат и значително придонесуваат за раст на извозот, што води до потврда на проекцијата на Владата за раст од 3,5 отсто на економијата за 2015.