МФ: Македонија останува меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа

Македонија е умерено задолжена земја и доколку се вкалкулираат средствата од еврообврзницата, согласно податоците на ЕУРОСТАТ Македонија е меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа со јавен долг под 50 отсто од бруто домашен производ. Од Министерството за финансии реагираат на денешната пресконференција на Кире Наумов.

Интегрален текст од соопштението:

Македонија е умерено задолжена земја и доколку се вкалкулираат средствата од еврообврзницата, согласно податоците на ЕУРОСТАТ Македонија е меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа со јавен долг под 50 отсто од бруто домашен производ.

Постапката за издавање на еврообврзницата е согласно сите законски прописи и истата беше усогласена со Министерството за правда, правните застапници на Владата на РМ и правните застапници на конзорциумот на банки преку кои се издаде еврообврзницата.

Во проспектот за издавање на еврообврзницата и во одлуката на Владата, кои се службени документи стои дека средствата од еврообврзницата ќе се искористат за буџетските потреби во 2016 и 2017 година и отплата на долг.

И покрај сите опструкции од страна на опозицијата, инвеститорите изразија доверба во економските политики на Владата.

Еврообврзницата ќе обезбеди макроекономска стабилност во турбулентни политички услови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.