МХ370: Нема нови сигнали од црната кутија

Австралискиот брод, кој што од претходно собираше сигнали кои што можеби биле од црната кутија на исчезнатиот малезиски авион, не детектирал нови сигнали.

„Немаше нови контакти со трансмитерот, но мора да продолжиме со пребарување уште неколку дена се’ до моментот кога апсолутно нема сомнежи дека батериите на црната кутија се испразнети“, рекол координаторот на меѓународната потрага, Ангус Хјустон во Перт.

Тој објаснил дека едномесечната потрага во Индискиот океан се наоѓа во критична фаза поради рокот на траење на батериите во црната кутија која што емитува сигнал, бидејќи веќе поминаа 30 дена, а само таа може да ги даде одговорите за тоа што се случило со исчезнатиот авион.