Мијалков го почeсти Филипче со 5.300 Коронавирус тестови, провладините медиуми сега не објавуваат ништо за неговите фирми

Компанијата „Best Way Investment“, чиј управител е Јордан Мијалков, син на Сашо Мијалков, се пофали дека донирала најнови корона тестови за македонското здравство, произведени од фирмата „Abott“.

„Бест Веј Инвестмент“ соопшти дека обезбедила 5.300 тестови за утврдување на Ковид-19, во вредност од 3.095.730 денари (50.000 евра) за потребите на Министерството за здравство.

Инаку оваа фирма беше дел од мрежата која беше истражувана од провладините новинари и медиуми и беше прикажувана како дел од империјата на мрежата на Мијалков. Очигледно сега таквото истражување изостанува, а за Владата нема проблем за донираните тестови за министерството.

Кога се формираше оваа компанија порталот „Призма“ во 2015-та година пишуваше дека: Фирмата на синовите на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, „Бест Веј Инвестмент“ ДОО е отворена во понеделникот, а за директор е поставен Илија Тозија, член на надзорниот одбор на Државна видеолотарија на Република Македонија „Касинос Аустриа“. Двајцата синови на Сашо Мијалков, бившиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), отвориле фирма за градежништво, трговија и услуги. Документите од Централниот регистар говорат дека фирмата „Бест Веј Инвестмент“ ДОО била формирана во понеделникот, на 21 септември 2015-та година, се вели во текстот на „Призма“.

„Фокус“ пак пишуваше дека „Бест Веј Инвестмент“ во сопственост на семејството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ја основал компанијата за приредување игри на среќа „Макс Бет“, во партнерство со контроверзниот српски бизнисмен Саша Марчета. Но, новите податоци што ги обезбедивме покажуваат дека Мијалкови истовремено станале косопственици на „Дивелоп Груп“. Инаку, „Дивелоп Груп“, чиј најголем сопственик е долгогодишниот управител на друштвото Александар Ивановски – Теранова, го изгради хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад, а воедно поседува атрактивни градежни парцели на охридското крајбрежје и во близина на македонско-грчката граница кај Гевгелија, пишуваше „Фокус“.

Во меѓувреме успешната „Бест Веј Инвестмент“ прати порака и од основачот Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков, објавувајќи ги повеќето фирми во негова сопственост.

Очигледно дека веќе познатата коалицијата Заев-Мијалков успешно функционира.