Мијалков го прими решението за куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор

19

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е обвинет во предметот „Таргет-Тврдина“, во попладневните часови се јави во обвинителството и притоа му е врачено решение за определена мерка куќен притвор.

-Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.