Мијалков: Никогаш не сум дал наредба за прислушување

41

Екс шефот на УБК, Сашо Мијалков негира дека го наредил прислушувањето и уништувањето на два системи за следење на комуникацијата. Мијалков рече дека на сите одржани седници во овие 3 години за Таргет – Тврдина, никогаш ниту со материјални ниту вербални докази, обвинителството не потврдило такво нешто.

„Јас не сум имал можност и привилегија да давам такви наредби. Никогаш никому, ни писмено но усно, сум дал наредба да изврши какво било дејствие во насока на следење на комуникации. Во текот на постапката исто така видовме дека нема ниту еден доказ за такво нешто. Еден датум, за конкретна личност или телефонски број, прислушувал со моја наредба, не видовме на ова судење“, истакна Сашо Мијалков.

Во своето сведочење, Мијалков ја спомна и тезата дека во земјава имало и други системи за прислушување, објаснувајќи дека во 2014 една израелска компанија во неговата канцеларија во МВР презентирала опрема за прислушување која кога ја приклучиле било утврдено дека во Македонија се прислушува и надвор од УБК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.