Мијалков се појавил во обвинителство кај Русковска

Сашо Мијалков ненадејно попладнево се појавил во канцеларијата на обвинителката Вилма Русковска, дознава НетПрес.

Првичните информации до кои дојдовме се дека тој всушност се предал, но откако претходно наводно направил договор со власта на Зоран Заев и СДСМ околу висината на неговата затворска казна.

Засега неможе официјално да добиеме потврда за оваа информација.

Нашите извори велат дека овие, речиси три дена бегство, тој ги искористил за договарање со власта на СДСМ околу висината на казната која треба да му биде изречена во петок за случајот Таргет-Тврдина. Засега, неофицијалните информации велат дека договорот бил да не му биде изречена затворска казна повисока од 10 години. Поради притисокот од јавноста Зоран Заев и СДСМ, одлучиле да преговараат и да се договараат со Мијалков, само тој да се врати.

Инаку, од неделата попладне Сашо Мијалков мистериозно исчезна за органите на прогонот во Македонија, откако тие тргнаа да му врачат решение за мерка куќен притвор.