Миа Костова е позитивна на коронавирусот

Водителката Миа Костова откри дека е позитивна на ковид-19.

-Чисто совесна иако знам дека ќе има многу од оние кои ќе искоментираат „ако, така и е“ иако за воља на вистината знам кој е контактот кој се случи во неделата и не е никако поврзан со групирањето и журките.

Откако бев известена ги откажав сите претстојни состаноци, фризери и салони, не сум била во контакт со ниту еден од моите соработници, па ни пријатели.

Така што, сметам дека од мене повеќето се безбедни. Официјално сум ковид позитивна. Ви благодарам за разбирањето и за пораките, се гледаме за едно 20 дена по улици, а на социјални мрежи ќе броиме заедно. Чувајте се!, објави Костова на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.