Мице Јанкуловски ја доби наградата Ел ГРЕКО за најдобар уметник на Арт Тесалоники 4

На Меѓународниот саем на современа уметност Арт Тесалоники 4 во Солун, каде беше претставена изложбата „Неочекуван дијалог – ПИКАСО и ЈАНКУЛОВСКИ – керамики и слики“, Мице Јанкуловски ја доби наградата Ел ГРЕКО за најдобар уметник.

– Пабло Пикасо, легендата на модернизмот и меѓународниот сликар Мице Јанкуловски кој изложува во рамки на Остен Павилјонот на Биеналето во Венеција и е награден со највисоката награда „Лоренцо Ил Магнифико“ за животно остварување на Биеналето во Фиренца оваа година – ќе претстават керамики и големи сликарски композиции од Форма 3 на Јанкуловски на АртТесалоники 4. Заеднички елемент на двајцата креатори е чувството за драма и чувството за игра, чувство за страдање и чувство за страст, кои по дефиниција се нарушени од уметничкото творештво. Црната доминира, додека белата и сината ги поставуваат границите и интензитетот на овој неочекуван, интересен дијалог, рече професорот Манос Стефанидис од Атина, куратор на изложбата.

За изложбата е изготвена ексклузивна публикација која заедно со монографската книга „Мице ЈАНКУЛОВСКИ – сликарство | Форма III“ ќе бидат промовирани попладнево во рамките на Арт Тесалоники 4.