Мицевски: Бараме да се тргнат од дневен ред закони кои не поминале во матичните комисии

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната собраниска седница побара одложување на неколку точки на дневниот ред заради фактот што деловнички не ги исполнуваат условите да се најдат на пленарна седница .

– Значи во ниту еден случај не спомнав дека вие сте лично за ова крив или одговорен, констатиравме дека се комисиите ама ние денеска држиме пленарна седница која што вие ја раководите и поради тоа го цитирав член 140 каде што велам дека предлогот на закон да се претресе на седница на собранието го разгледува матичното работно тело и законодавно правната комисија во рок од 3 работни дена пред денот определен за одржување на седницата. Тоа не е направено, добро е што го спомнавте член 143 каде што велите дека седницата на собранието за прво читање на предлог закон се одржува во рок од 10 работни дена од денот на донесување на решението за свикување ние ги немаме тие денови но не подолго од 20 дена, а имаме луфта од време за да се одржат сите овие комисии и за да можеме да  дојдеме со овие точки на дневен ред. Инсистирам да се стават овие точки на гласање без дополнително да се дообјаснуваме тука за да се тргнат од дневен ред затоа што не се створени услови – рече тој.

Мицевски побара точките да ја поминат процедурата согласно Деловниот за да се најдат на пленарна седница.

– Јас не ја спорам самата седница спорам неколку точки од дневниот ред кои што се доставени пред 2 дена значи немаат 3 дена, законот за високо образование за работни односи и за административни службеници кои што ќе важат од декември 2021 година. Која е итноста на овие закони да се најдат на денешната седница. Не спорам дека имате право помалку од 10 дена на самата седница ништо не е спорно. Овие неколку точки кои што деловнички не ги исполнуваат условите денеска да се најдат на седница поради  итноста на која што се повикувате 68 тоа спорам и барам тие неколку точки да си го поминат целиот согласно деловник процедура за да се најдат на пленарна седница – истакна Мицевски.