Мицевски: Демократски е и деловнички е да се донесуваат измени, меѓутоа измени на изборен законик бара консензус

Видете збор на владејачкото мнозинство во парламентарното во парламентот во нашата држава меѓутоа фактите и снимките од седницата зборуваат друго дека согласно делчовник пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и членовите на комисијата за именување бараат процедурални забелешки во областа на текот расправата и точките кои што се на дневен ред. За жал научени се да функционираат на нивниот начин со самоволие не дозволија да се зацврстат тие процедурални забелешки кои ги има и од таа причина комисијата односно седницата на која што се околу 20 тина точки меѓу кои и избореот на уставни судии целосно официјално не е започната односно на самиот почеток беше прекината, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Никола Мицевски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во собранието.

Тој на прашањето дека се чека одговор од нив да кажат за да се започне седницата, вели дека процедурата не е таква да чекаат од нас претседателот на комисијата има обврска да ја закаже седницата кога ќе ја закаже седницата ние ќе излеземе со сите забелешки кои што ги имаме и она што веќе неколку денови го дискутираме.

Тој околу имињата за уставни судии вели дека се е на база на шпекулации она што се спомнува како имиња за уставни судии за жал и законот е таков што е да предлозите доаѓаат на самата седница без да претходно се продискутира меѓутоа интенцијата е јасна она што Заев го прави во судството на сите нивоа се случува и во уставниот суд ќе биде пораз за државата и уставниот суд и уставните судии.

-Во однос на она што како реакција на пресот на Костадинов морам да кажам дека е стратешки батлер на нашата држава и повторно обвинувања од страна на СДСМ дека им вртиме грб на граѓаните и на државата морам да констатирам дека ние сме на страната и на волјата на граѓаните која што ја изразена на референдум. ВМРО-ДПМНЕ како партија има задача да ги штити националните и државните интереси и ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори против криминалот и корупцијата. Да потсетам дека содржината на вчерашниот документ, приоритетно е фокусиран на корупцијата и борбата против криминалот. И тоа е тема која што СДСМ упорно ја избегнува на секаков начин, а тоа можеме да го видиме во прес конференциите и нивните информации кои што излегуваат а да ја дефокусираат јавноста од темата за борбата против корупцијата и криминалот и да се префрлат на една друга тема. Но, за жал корупцијата и криминалот се теми кои што СДСМ од почетокот на нивното владеење до денес ги избегнува, меѓутоа постојат релевантни меѓународни и домашни институции па, и сериозни држави кои што корупцијата и криминалот ни го нотираат како едни од најголемите проблеми во нашата држава, вели Мицевски.

Тој на прашањето околу Изборниот законик за локалните избори со отворени листи вели дека тие гласале за потребата од ставање на точките на дневен ред и ќе видат што ќе се случува во наредниот период.

-Сметам дека донесувањето на изборен законик е процедура која што би требало да се одвива на еден поинаков начин, затоа постојат работни групи помеѓу поголемите партии носители на работата во Собранието. Доколку се договорат одредени измени кои што ќе бидат усогласени, секако и препораките на ОБСЕ и ОДИХР може да размислуваме и за такви теми. Да, демократски е и деловнички е да се донесуваат измени, меѓутоа измени на изборен законик бара консензус од сите политички чинители во државата, вели тој.

Мицевски додава дека затоа во брзо време би требало да бидат измените што ОБСЕ и ОДИХР ги имаат како забелешки, за што секако треба да има консензус. И тоа е главното прашање. За вакви прашања не ни требаат популизам пред избори, затоа што тоа се случува пред секои избори, туку консензус по одредени измени што ќе го прифатат сите чинители на самиот изборен процес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.