Мицевски: Големи се незадоволствата во СДСМ поради барањата на Алтернатива, ВМРО-ДПМНЕ може да состави Влада

Очекувам наредниот период од ова што го гледаме и она што е договорено помеѓу политичките субјекти дека презентираат мнозинство, да го видиме и тоа мнозинство. Доколку некоја работа не се смени, затоа што слушаме дека доаѓаат гласини дека она што е договорено, а било договорено неколку чекори да бидат завршени односно да бидат реализирани пред време во однос на Алтернатива, не се случиле. Меѓутоа се е отворено, стојат опциите отворени и гледаме дека СДСМ го промовира веќе како мандатар господинот Димитар Ковачевски, а впрочем и тоа значи продолжување на политиките на Зоран Заев, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „24 анализа“.

Мицевски додаде дека можеби и ВМРО-ДПМНЕ да состави Влада бидејќи поради политичката состојба во државата се е во игра.

„Гледајќи ја политичката состојба во државата и она што се случува од страна на мнозинството и незадоволствата кои што се јавуваат се е во игра“, појасни Мицевски.

Мицевски посочи дека на крајот од денот ќе се види со какво мнозинство ќе се презентира СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.