Мицевски: Не слушнавме зошто се менуваат министрите

„Толку од транспаретноста и желбата за разговор со опозицијата. Се направи обид опозицијата да не може да дискутира и седницата за реконструкција на Владата почна со доцнење од четири часа. Очекувавме да кажете зошто се сменети министрите, а слушнавме како „блеска“ оваа Влада“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, на продолжението на собраниската седница за реконструкција на Владата.

– Не слушнавме зошто е сменет министерот за финансии Драган Тевдовски во годината на економијата. Не слушнавме зошто е сменет министерот за култура. Кога нема воздух во Македонија вие го менувате Садула Дураку. Не слушнавме зошто го менувате, според вас, најуспешниот министер за земјоделие – рече Мицевски.

Тој порача премиерот Зоран Заев да го погледне членот од Законот за влада дека министерот самостојно раководи, министерството има заменик министер и предупреди дека за секој потпишан документ од друг може да се понесе одговорност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.