Мицевски: Односите Скопје – Софија се на погрешна насока, треба да се говори за суштинските проблеми

„Јас би бил внимателен во оценката и она што се случува, посебно минативе ден – два колку што е нашата делегација во Бугарија. Затоа што навистина треба внимателно да пристапиме кон целиот овој процес. Има придвижување тоа е добро, меѓутоа различни се аспектите од бугарска страна и од македонска страна. Зошто го велам ова? Затоа што бугарската страна при влегувањето и настапувањето на новиот премиер Кирил Петков при доаѓањето да речам во република Македонија направи средби, го направи првиот чекор. Еве сега гледаме нашата Влада е присутна таму меѓутоа освен формата, промената на формата не би можел да ја видам суштината. Зошто го велам ова? Затоа што ние суштински треба да направиме одредени промени. Ако ние се задоволуваме и еуфорично ги прифатиме овие први почетни чекори кои што се прават, а тоа е во делот на меѓусебна соработка во различни комисии и сектори, како на пример македонската линија Скопје – Софија, или не знам отворање на граничниот премин Клепало, мислам дека сме на погрешна патека“,истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во „Утрински Брифинг“.

Мицевски додаде дека не е проблем граничниот премин Клепало, тој од македонската страна е завршен децении наназад и функционира.

„Граничниот премин не е главниот проблем за кој што треба да зборуваме и да го ставиме во пакетот за кој што говорат или на пример авионската линија. Ние сме опозиција, па да не изгледа дека се е негативно, авионска линија е во ред да има меѓутоа колку таа ќе биде рационална и ефективна треба и тоа да се прашаме. Затоа што во најголем дел секојдневните контакти и обврски кои што ги имаат луѓето се од Источна Македонија. За да дојдат до Скопје со превоз треба 150 километри да поминат за да авионски отидат до Софија, а тоа не се исплаќа бидејќи поблиску им е веднаш до Софија да отидат со автобус или автомобил“, рече Мицевски.

Мицевски посочи дека е скептичен и околу железничка линија до Бугарија бидејќи повеќе од 30-тина години стои.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.