Мицевски: Праксата за плаќање кон надворешни компании станува минато, со употребата на 4 нови градежни машини претпријатието „Дрисла“ станува независно

Досегашната пракса во ЈП Депонија „Дрисла“ за изнајмување градежни машини од надворешни компании од денес прекинува, истакна директорот на јавното претпријатие – депонијата „Дрисла“, Јане Мицевски на денешната седница на Советот на Град Скопје.

– Во текот на вчерашниот ден пуштени се во употреба 4 нови градежни машини, кои Јавното Претпријатие „Дрисла“ ги набави со сопствени средства и со тоа во иднина нема да имаме потреба да изнајмуваме градежни машини од надворешни компании, посочи Мицевски.

Тој додаде дека досега не 800 илјади евра туку многу повеќе се плаќало на надворешни компании за изнајмување на градежни машини. Досегашната пракса за плаќање кон надворешни компании веќе станува минато бидејќи сега претпријатието ќе биде независно.

– За овие 4 нови градежни машини одвоени се околу 40 милиони денари и истите се според најновите европски и светски стандарди за квалитет на градежни машини. Оваа набавка беше значајна не само поради континуитетот во работата туку да го забрзаме и целокупниот работен процес и да не се доведеме во ситуација да имаме големи количини на отпад, заклучи Мицевски.